НАСЛОВНА
Владо Цветановски, професор и театарски режисер
17.05.2012
На 6 мај беше оджана една од најзначајните театарски премиери во оваа година. На сцената на Македонскиот народен театар, режисерот Владо Цветановски го постави антологискиот текст „Животот е сон“ од Педро Калдерон де ла Барка, познат и како „шпански Хамлет“. Тоа беше повод за разговор со Цветановски, човек со исклучително интересна уметничка визија…
Трифун Костовски, преземено интервју
14.05.2012
„Се’ додека граѓаните ја имаат довербата во мене, а чувствувам дека ја имаат, јас ќе останам нивниот гласноговорник, да го кажам тоа што тие го чувствуваат. Мојот однос со граѓаните и денес е многу силен, и знам дека имаат верба во мене“, вели познатиот бизнисмен и поранешен градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, во интервју за дневниот весник „Ден“...
Павлос Восколулос, по „случајот Перо Антиќ“
14.05.2012
При телевизиското претставување на кошаркарите на Олимпијакос на завршницата од Евролигата, капитенот на македонската репрезентација рече: „Перо Антиќ, број 6, ФИРОМ“. Тоа е првпат познат Македонец да ја ослови својата земја со акронимот. За да дознаме нешто повеќе за статусот на македонските спортисти во грчките клубови, го побаравме Павлос Воскопулос...
Игор Киров со уште една кореографска награда
13.05.2012
Во саботата (12 мај) се одржа финалето на 16. Фестивал на кореографски минијатури во Белград, каде балетската точка “Touch” на нашиот познат танчер и кореаграф Игор Киров ја освои втората награда, во конкуренција на натпреварувачи од 28 земји. Неговите идеи ги прикажаа на членовите од Македонската опера и балет, Мими поп Арсова и Игор Велановски...
Сашо Орданоски, за политиката во и околу Македонија
10.05.2012
Последниве неколку денови се прилично интензивни на политичката сцена. На 6 мај се одржаа избори во Франција, Грција и во Србија, а на 7 мај Македонија ја посети комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Фуле, со пораки кои за многумина беа неочекувани. Сето тоа, а и уште нешто, е повод за разговор со политичкиот аналитичар Сашо Ордановски...
Дејан Дуковски, драмски писател
08.05.2012
Во последниве две децении се издвоија неколку имиња во македонскиот театар, кои може да се наречат театарски брендови. Во делот на драматургијата тоа е, пред се’, Дејан Дуковски. Добро се познати неговите “Балканот не е мртов“, „Буре барут“, „ММЕ кој прв почна“... На 25 април, на 43. роденден на Дуковски, беше промовирана книгата „Драми“...
Павле Трајанов - политичар и аналитичар
04.05.2012
Павле Трајанов е денес пратеник во Собранието, човек со неколкугодишно политичко искуство, а и искусен полицаец. Затоа, медиумите често го бараат неговото мислење кога се работи за безбедносната состојба. Ова е првото интервју на Трајанов по соопштувањето дека е уапсена групата, која стои зад убиството на петмината, вклучувајќи и еден од извршителите...
Глигор Митковски, популарниот метеоролог
03.05.2012
Глигор Митковски е првиот метеоролог во Македонија, кој достигна статус на препознатлива телевизиска личност. Благодарение на комбинацијата од компетентност и добра презентација, тој стана еден од омилените телевизиски ликови. Го немаше по затворањето на „А1“, а од првата половина на април повторно е на екраните, овој пат во Јавниот сервис...
Сања Хендерсон, пијанистка и музички педагог
28.04.2012
Сања Шојлевска е мултиталентирана музичарка. Во Македонија ги помина сите степени на образование, до дипломирањето на Факултетот за музички уметности во Скопје. Денес е Mrs. Henderson, живее во Лос Анџелес со сопругот и со ќерката, и е сопственичка на приватното музичко училиште „Art of Music Studio“, каде предава за ученици од сите генерации...
Викторија Абрил, филмска ѕвезда од Шпанија
28.04.2012
Викторија Абрил е голема ѕвезда на шпанската и на европската кинематогафија, една од таканаречените „музи на Педро Алмодовар“, која во петокот (27 април) можевме да сретнеме во Скопје. Таа ја толкува главната улога во новиот филм на Теона Митевска, „Жената што си ги избриша солзите“ и допатува на македонската премиера...
Јове Кекеновски, политиколог
25.04.2012
Професорот Јове Кекеновски е пред се’ политиколог. Негова специјалност се политичките науки, политичките системи и уставното право. Но, тој е исто така и аналитичар, кој професионално ги следи настаните што се случуваат во државата, а во последно време добиваат вознемирувачки карактер…
Александар Чомовски, отворено и директно
20.04.2012
„Верувам дека е ова сценарио со поширок, регионален контекст, според кое Македонија е експериментален полигон. Не случајно се зборува дека Скопје станува балкански јазол на најмоќните тајни служби и дека овде нешто се ’испробува’. За жал, ние немаме доволно професионални кадри инфилтрирани во тие безбедносни сегменти, кои ќе може да парираат...“
Есад Рахиќ, познавач на безбедносната состојба во Македонија
18.04.2012
Есад Рахиќ беше повеќе години вклучен во контролата што ја има Собранието врз безбедносните служби, како претседател на Комисијата за безбедност и одбрана и на Комисијата за контрола на разузнувачките служби. Со тоа искуство, може да каже доста нешта за она што се случува околу и по петкратното убиство покрај Железарското езеро...
Петар Котевски, најдобра бизнис идеја
12.04.2012
На конкурсот „Фабрика за бизнис идеи“ што го објави Владата, пристигнаа 104 проекти, а првата награда ја доби битолчанецот Петар Котевски за област која ретко ја доживуваме како голема шанса за пласман на македонскиот производ на светскиот пазар. Тој е експерт за видео игри, со искуство стекнувано во странство, а идејата што ја понуди му донесе и 10.000 евра...
Диџеј Вани (Манев), по шест години на англиската клупска сцена
10.04.2012
Диџеј Вани ја почна кариерата по македонските дискотеки, клубови и радио станици уште во 80-тите години. Во еден период дури и беше редовно присутен во медиумите, а потоа замина преку Ламанш, да ја испроба среќата онаму за каде што сонуваат повеќето музичари. Моментно е вратен во Македонија, но долгорочните планови се врзани за Англија…
Крсто Стаматовски, архитект од Флорида
06.04.2012
Актуелната економска криза силно го погоди пазарот за недвижности во САД, но тоа не се одрази премногу врз архитектонското студио на Крсто Стаматовски од Бока Рејтон, Флорида, бидејќи негови клиенти се луѓе кои се’ уште имаат по неколку десетини или стотини милиони долари на своите сметки. Зградите на Стаматовски се луксузни, специфични и впечатливи...
Катерина Цаневска Арсовска
04.04.2012
Катерина Цаневска Арсовска е долгогодишна новинарка, која најголемиот дел од кариерата го поминала во Македонската телевизија, односно во т.н. јавен сервис. Од пред два дена, таа е и магистер, бидејќи на 2 април на универзитетот ФОН, ја одбрани магистерската теза со наслов „Јавни радиодифузни сервиси - меѓу политиката и професионалноста...
Трифун Костовски, бизнисмен и екс-градоначалник на Скопје
02.04.2012
Името на Трифун Костовски е една ипол деценија вистински бренд во повеќе области. Тоа е човек, кој се покажа како многу успешен во бизнисот, што му овозможи да биде голем донатор и спонзор на македонската култура и на спортот. Размислувањата што ги има тој за општите состојби во земјата секогаш се интересни да се слушнат или прочитаат...
Живојин Глишиќ, композитор и аранжер
28.03.2012
На 5 април во Универзалната сала ќе се одржи Велигденски концерт во чест на големиот верски празник. Целта на проектот е да се доближи источно-црковното (византиско) пеење до пошироката јавност. Оркестрацијата за целиот концерт ја подготви познатиот композитор и аранжер, професорот Живојин Глишиќ...
Климе Ковачески, охридски готвач кој ги освои Американците
26.03.2012
Климе Ковачески има професионален интерес за две области - готвењето и музиката. Во првата го достигна врвот, додека втората му останува како омилено хоби. Во 1984 година замина за САД и оттогаш има постигнато големи успеси. Работеше како готвач во туѓи ресторани, имаше и свој, повеќе пати наградуван, а сега е консултант на богати клиенти...